Top Sport

Катастрофално второ полувреме за нов пораз на МЗТ во АБА лигата

МЗТ Скопје Аеродром не успеа да ја забележи својата втора победа во новата сезона во АБА-лигата, откако по фантастичниот почеток, одиграа катастрофална третата четвртина за на крајот да загубат со високи 77:94 од Морнар Бар пред домашната публика во „Јане Сандански“.

Во првиот меч од шестото коло, „металците“ има одличен старт и на почетокот на третата четвртина имаа 54:53 предност, кога гостите влегоа во 14:0 серија до крајот на четвртината за целосен пресврт. По ова, МЗТ не успееа да се врати во игра и на крајот загуби со 17 поени разлика.

Со оваа победа, Морнар го подобрува својот скор на 3-3, со што се очекува да биде на средината на табелата, додека МЗТ паѓа на 1-5 при дното.

Бојан Крстевски заврши со 22 поени за македонскиот клуб, Кафи уфрли 14, а Војдан Стојановски 13 поени, додека за Морнар, Владимир Михаиловиќ беше најефикасен на мечот со 25 поени.

Фото: АБА лига

Scroll to Top