Top Sport

Кавалирс и Спарс постигнаа по 144 поени, Ембид го растури Вашингтон

Кливленд Кавалирс и Сан Антонио Спарс, постигнаа по 144 поени и ги декласираа своите противници Торонто Репторс и Детроит Пистонс. Во дербито на Истокот, Филаделфија победи во Вашингтон 117:96.

Кливленд Кавалирс остварија рекордна победа над Торонто 144:99. Кавалирс, во третата четвртина постигнаа 46 поени и го изедначија клупскиот рекорд. Кевин Лав и Даријус Гарланд постигнаа по 22 поени за Кавалирс.

Својот противник го декласираа и кошаркарите на Сан Антонио. Спарс со 144:109 славеа против Детроит Пистонс.

Џоел Ембид доминираше во престолнината, со 36 поени и 13 скока ја предводеше Филаделфија до триумфот над Вашингтон Визардс 117:96.

Резултати: Сакраменто-Мемфис 102:117, Оклахома-Њу Орлеанс 117:112, Чикаго-Индијана 113.105, АЛ Клиперс-Денвер 100:103, Мајами-Орландо 93:83.

Scroll to Top