Демаркус Казнинс ќе остане во Денвер Нагетс до крајот на сезоната. Во минатото еден од најдобрите центри во НБА се покажа како добра замена за актуелниот МВП во лигата, Никола Јокиќ.
Казинс, во изминатиот период, три пати потпишуваше десет дневни договори со Нагетс. Клубот сега реши да го задржи до крајот на сезоната.
За Нагетс има одиграно осум натпревари, на кои во просек бележел по 6,1 поен и 6,3 скока по натпревар.
Најдобриот период во кариерата, Казинс го имаше во Сакраменто Кингс, кога една сезона имаше просек од 26,9 поени и 11,5 скока. По заминувањето од Сакраменто во Њу Орлеанс започнаа неговите проблеми со повредите. Два пати како играч на Њу Орлеанс и Голден стејт Вориорс имаше повреда на Ахиловата тетива.