Центарот на Голден стејт Вориорс, Демаркус Казинс, исклучен е на натпреварот во Њујорк, против Никс, иако е повреден и нема да игра уште неколку месеци.
Популарниот Буги се опоравува од повредата на Ахиловата тетива. Тој на мечот во „Медисон сквер гарден“, присуствувал во „цивилна“ облека и бил на клупата на својот тим.
Сепак, Бугу кој е познат како темпераментен играч, во еден момент, во првата четвртина, влегол во расправија со судијата Скот Фостер, кој го избркал од теренот.
Казинс е третиот кошаркар во последните 15 години кој е исклучен, иако не играл. Пред Казинс тоа им се случило на Крис Пол во 2007 и Сем Кесел во 2008 година.
Demarcus Cousins has been ejected from tonight’s game for arguing with the referee. Btw, he is still inactive recovering from injury. pic.twitter.com/T7F2kQzjrh
— Hoop Central (@TheHoopCentral) October 27, 2018
Инаку, Вориорс убедливо со 128:100 забележаа победа над Никс. Кевин Дурент постигнал 41, а Стеф Кари 29 поени. Кај Њујорк се истакнал Тим Хардавеј јуниор со 24 поени.