Top Sport

Казинс и Њу Орлеанс доминантни против Кавс

Њу Орлеанс пеликанс ги победија актуелните шампиони од Истокот, Кливленд кавс со 123:101 во најинтересниот меч во НБА лигата. Пеликанс во последната третина со 34:18 доминираа над Кавс, а човек на одлука беше Демаркус Казинс со 29 поени, 12 скока и 9 асистенции.

Одличен беше и Ентони Дејвис со 30 поени и 14 скока, додека од другата страна, Кевин Лав постигна 26 поени и 11 скока, а Леброн Џејмс додаде 18 (со 8 асистенции  и 5 скока).

Оклахома сити „протатне“ низ Чикаго, совладувајќи ги „биковите“ со 101:69, со нов трипл-дабл на Расел Вестбрук со 12 поени, 13 скока и 13 асистенции. Вестбрук е првиот кошаркар во НБА кој остварил трипл-дабл против 29 различни тимови и единствено против Чикаго немаше таков учинок.

Тандер повторно беше предводен од Кармело Ентони со 21 поен, 20 додаде Пол Џорџ, а по 12 имаа Стивен Адамс и Рејмонд Фелтон.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Њу Орлеанс – Кливленд 123:101

Чикаго – Оклахома Сити 69:101

Мемфис – Хјустон 103:89

Мајами – Бостон 90:96

Јута – Л.А.Лејкерс 96:81

Далас – Филаделфија 110:112

Л.А.Клиперс – Детроит 87:95

Scroll to Top