Top Sport

Казинс потпишал за Голден стејт Вориорс

Голден стејт Вориорс, актуелните НБА шампиони, договориле соработка со еден од најдобрите центри во лигата, Демаркус Казинс.

Како што пишува новинарот Адријан Војнаровски, повикувајќи се на извори од лигата, Казинс договорил едно годишна соработа, вредна 5,3 милиони долари.

Со доаѓањето на Казинс, Вориорс, комплетираа „Ол Стар“ петорка, во која уште се Стеф Кари, Клеј Томпсон, Кевин Дурент и Дрејмонд Грин.

Казинс, поради повреда на Ахиловата тетива, пропушти половина од минатата сезона, но има доволно време да се подготви за новата.

Како играч на Њу Орлеанс Пеликанс, Казинс, лани во просек по натпревар бележел 25,2 поени, 12,9 скока и 5,4 асистенции.

Инаку, доаѓањето на Казинс во Вориорс, не го прифатија најдобро поголемиот дел од НБА екипите, бидејќи силниот Голден стејт стана уште посилен и ќе биде невозможно некој друг да ја освои титулата.

Scroll to Top