Top Sport

Реал демантира дека испратиле понуда за Нејмар

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид доцна синоќа со соопштение ја демантираше информацијата што ја објави државната телевизија ТВЕ, дека клубот испратил понуда од 310 милиони евра до ПСЖ, за трансфер на Нејмар.

„Информацијата која беше објавена на ТВ Шпанија е неточна. Реал не испратил понуда до ПСЖ за Нејмар, ниту за било кој друг фудбалер“.

Државвната телевизија информацијата дека клубот понудил 310 милиони евра за Бразилецот ја претстави како своја ексклузива.

„Изненадени сме што државната телевизија си дозволува една целосно неточна информација да ја претстави како екскслузивна, а притоа никој не контактираше за да ја провери вистинитоста. Ние ова веднаш го демантираме“, се наведува во соопштението на Реал.

Scroll to Top