Top Sport

Кеандре Кук од МЗТ Скопје, прогласен за играч на колото во АБА

Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Кеандре Кук, е избран за најдобар играч на 18.коло во АБА лигата. Тој одигра одличен меч против Цедевита Олимпија и даде голем придонес во триумфот на МЗТ Скопје.

Тој доминираше на теренот со 26 поени, пет скока, една асистенција и една украдена топка. Сето ова го оствари за 25 минути на теренот и дојде до вредносен индекс – 31.

Scroll to Top