Американецот од редовите на МЗТ, Мајк Кефи е најкорисниот играч колот во АБА лигата. Кефи, во петокот, го предводеше МЗТ до победата над ФМП 87:82.
Американецот во статистиката запиша 26 поени, шест скока и по три асистенции и украдени топки. За 32 минути на теренот за имаше 34 индексни поени. Во ова коло, повеќе индексни поени од Кефи имаше Лука Божиќ, меѓутоа Задар не успеа да победи во 20.коло.
МЗТ во наредното коло, на 12.март ќе гостува во Белград кај тимот на Мега.
Фото/ mztskopjeaerodrom.mk