Американецот Кеј Си Риверс, во вториот дел од сезоната ќе ги засили редовите на Црвена ѕвезда, пишува „Спортандо“. Риверс има 31 година и ги покрива позициите „2 и 3“, бек шутер и ниско крило.
Риверс, првиот дел од сезоната го мина во Реџо Емилија, откако претходно две години го носеше дресот на Панатинаикос. Во кариерата играл и за Бенетон, Виртус, Локомотив Кубан, Химки, Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Во 2015 година со Реал стана европски првак, а два пати ги освојувал шампионатите на Грција и Шпанија.
Риверс, во Реџо Емилија просечно по натпревар бележел 14 поени, 4,7 скока и 2 асистенции.