Top Sport

Ол Стар: Јанис ги зеде Јокиќ и Вучевиќ, Кајри и Дејвис кај Леброн

Јанис Адетокумбо и Леброн Џејмс ги избраа соиграчите за „Ол Стар“ викендот. Главниот натпревар во Шарлот ќе се одигра на 18 февруари (2 часот по средно европско време). Адетокумбо во својот тим ги избра играчите од Балканот Никола Јокиќ (Денвер) и Никола Вучевиќ (Орландо).

Од стартерите на Истокот и Западот што беа избрани според гласовите на навивачите, тренерите и медиумите Јанис и Леброн ги избраа оние што ќе го започнат мечот, а потоа и резервите. Интересно откако ги избраа тимовите Јанис и Леброн направија трејд.

Леброн од тимот на Јанис го доби Бен Симонс, играчот на Милвоки го доби Расел Вестбрук.

Во тимот на Адетокумбо ќе играат Пол Џорџ, Кемба Вокер, Стеф Кари и Џоел Ембид, додека кај Леброн се Кајри Ирвинг, Кевин Дурент, Џејмс Харден и Каваи Ленард.

Покрај Јокиќ и Вуќевиќ резерви кај Адетокумбо се Расел Вестбрук, Блејк Грифин, Кајл Лаури, Дирк Новицки и Дианџело Расел, кој е замена за повредениот Виктор Оладипо.

Резерви во тимот на Леброн се Ламаркус Олдриџ, Бредли Бил, Демијен Лилард, Ентони Дејвис, Клеј Томпсон, Карл-Ентони Таунс и Двејн Вејд.

Scroll to Top