Армани од Милано планира дополнително да ја засили надоврешната линија. Според италијанските медиуми, Арамни планира да потпише двегодишен договор со Кендрик Нан.
Нан во НБА од 2019 година, играше за Мајами, Лејкерс и Вашингтон.
Поради проблем со коленото не беше опција за клубовите кои го посакуваа летото, но сега е фит и подготвен да ја продолжи кариерата.
На Еторе Месина му треба само играч од таков калибар и на таа позиција, по повредата на Маодо Ло и не баш најдобрите партии на Били Берон и Кевин Пенгос.
Армани беше поразен од Фенербахче на гости во првото коло од Евролигата, потоа од Наполи во домашното првенство.
Оттука и потребата да се засили тимот со уште еден квалитетен стрелец.
🚨🇮🇹Kendrick Nunn's knee condition looks good. Olimpia Milano is ready to close the game with a two-year contract.
Finally Messina adds to his staff the PG/SG he needs.
Done deal very soon!#Euroleague #Nunn #OlimpiaMilano #Eurolega #KendrickNunn https://t.co/1ZLsR6u7Rt— Andrea Calzoni (@andreacalzoni11) October 12, 2023