Тренерот на Голден стејт Вориорс, Стив Кер, ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на САД. Кер функцијата ќе ја преземе од Грег Поповиќ.
Стив Кер, минатото лето, беше дел од стручниот штаб на Поповиќ, на Олимписките игри во Токио. Тој ќе ја предводи репрезентацијата на Светското првенство во 2023 и Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Помошници на Кер ќе му бидат Ерик Сполстра, Монти Вилијамс и Марк Фју.
Кер е тренер на Голден стејт од 2014 година, со тимот три пати бил НБА шампион.