Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, рекол не знае кога Стеф Кари ќе се врати на терените.
Најголемата ѕвезда во тимот на Голден Стејт, на 23.март, ги повреди лигаментите во десното колено.
„Кари нема да излезе на терен во блиска иднина. Тој е тука, му треба уште малку, меѓутоа кога точно ќе се врати не е познато. Повеќе нема болки додека вежба, но се уште постојат одредени медицински ограничувања“, рекол Кер.
Плејмејкерот оваа сеозна во просек по натпревар бележи 26,4 поени, 6,1 асистенција и 5,1 скок. Во последните две статистички категории ова се најдобрите бројки во неговата кариера.
Голден Стејт ја брани титулата, а во првата плејоф рунда води 3.1 против Сан Антонио.
Според американските медиуми, Кари нема да ја игра ниту во конференцисото полу-финале, за да биде целосно подготвен за евентуалната финална пресметка на Западот.