Top Sport

Кер: Шпанија е прв фаворит на Мундобаскетот

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер, смета дека Шпанија е прв фаворит на претстојниот Мундобаскет.

Репрезентацијата на САД на турнирот во Малага ја совлада Словенија со 92:62, утре ќе игра против Шпанија.

„Ќе биде одличен натпревар, ќе биде тешко, се работи за две искусни селекции. Публиката ќе биде одлична. Шпанија е на првото место според рангирањето на ФИБА, тие се актуелни шампиони. Добар тест за нас“, рече Кер.

„Притисокот е дел од секое натпреварување, сакаме да имаме одреден притисок и сакаме да го освоиме светското злато. Од друга страна, ние не сме први фаворити за златниот медал, Шпанија е на тоа место, ние сме зад нив. Мислам дека притисокот ќе биде и врз Шпанија“.

Репрезентацијата на САД на Светското првенство ќе се натпреварува во групата Ц во која се и селекциите на Грција, Јордан и Нов Зеланд.

Мундобаскетот ќе се игра од 25. август до 10. септември во три земји (Филипини, Јапонија и Индонезија).

Scroll to Top