Top Sport

Кер: Слушнав дека Србија е брилијантна

САД останува главен фаворит за златото на Светското првенство, откако во четврт-финалето во Манила ја „збришаа“ Итлаија со 100:63, но нивниот селектор, Стив Кер не сакаше да зборува предвреме и во исто време предупреди на своите ривали, посебно потенцирајќи ја Србија.

„Нашите момци одиграа одлична одбрана и ова беше ншиот најдобар меч и потребни ќе ни бидат уште два меча за да го освоиме златото. Заагубивме од Литванија и секогаш е добро да се вратиш од порз на вистински начин. Тогаш почнува главната забава. Пет недели работиме заедно и сега не чекаат уште пет дена, и сега треба да покажеме брзина. Литванија против нас беше одлична, а иако не го гледав мечот, слушнав дека Србија е брилијантна и тоа мора да се почитува. Во Србија има одлична кошарка, како во цела поранешна Југославија. Таму долго време се игра одлична кошарка и тоа ни кажува дека има уште многу силни екипи на турнирот како Србија и Словенија“, вели Кер.

Scroll to Top