Top Sport

Спалети ќе тестира 4-3-3 тактика против Македонија

Новиот италијански селектор, Лучано Спалети денеска на тренингот на репрезентацијата го тестирал неговиот омилен 4-3-3 систем на игра, тврдат италијанските медиуми.

Тренерот кој на Наполи им го донесе првото скудето по 30 години, ќе дебитира на клупата на „аѕурите“ во Скопје во сабота, и според „Скај спорт Италија“, веќе покажал дека ќе биде поинаку под негово водство од времето на Роберто Манчини, не дозволувајќи никакви паузи и избегнување на тренинг поради ситни повреди.

Тој тренирал со сите 29 повикани фудбалери, и останува на својата 4-3-3 формација, што се покажа на тренинзите. Матео Политано и Матија Ѕакањи би требало да играат на двете страни на нападот, додека Чиро Имобиле и Џакомо Распадори се менувале на позицијата на централен напаѓач. „Скај спорт Италија“ додава дека Џовани ди Лоренцо и Федерико Димарко ќе бидат централни бекови, додека Николо Барела и Сандро Тонали ќе бидат креатори на играта.

Scroll to Top