Реал води против Пнатинаикос 2:1, а Химки ја намали предноста на ЦСКА на 1:2 во четврт-финалните серии во кошаркарската Евролига.
Мадридски Реал го совладаа Панатинаикос 81:74 и го потврди брејкот од Атина. Дуелот во Мадрид го реши Џеј Си Керол кога погоди тројка и избори дополнително слободно фрлање на 50 секунди до крајот на мечот. Со тие поени кога Реал се одвои од пртивникот на недостижни 77:72.
Во составот на Реал на овој натпревар по пауза од осум месеци се врати Серхио Љуљ. Шпанскиот репрезентативец погоди две важни тројки во средишницата на последната четртина, а натпреварот го заврши со осум поени.
Најефикасен кај Реал беше Керол со 17 поени. Панатинаикос го предводеше Ник Калтаес со 26 поени.
Химки, во руската пресметка, славеше над ЦСКА 79:73. Ова е прва победа на Химки над ЦСКА оваа сезона.
Алексеј Швед и Чарлс Џенкинс на влезот во последната минута ја обезбедија победата за Химки.
Швед беше најефикасен со 27 поени, а одличен меч одигра и Ентони Гил (22 поени, 7 скока).
Кај ЦСКА најситакнат беше Кори Хигинс со 26 поени и пет скока.