Американскиот Си-Ен-Би-Си, објави интересна информација, а се однесува на Кевин Дурент, еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката.
Рич Клајман, менаџерот на познатиот кошаркар, потврди за медиумите дека Дурент има на располагање многу пари во криптовалути. Сепак, постои еден огромен проблем.
Кеј-Ди некаде ја изгубил лозинката.
„Работиме на пронаоѓање на лозинката на Кевин за неговиот профил на „Коинбејс“. Тој никогаш не ги продал криптовалутите што ги има, па затоа нивната вредност сега е огромна. Биткоинот продолжува да расте, па тоа е позитивно“, изјави Клајман за Си-Ен-Би-Си.
Дурент почнал да купува Биткоин уште во 2016 година, кога се пресели во Голден Стејт Вориорс и настапи за американскиот тим на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Во тој период, тој имал бројни разговори со своите соиграчи на оваа тема.
Платформата „КоинГреко“, вели дека во 2016 година, еден Биткоин вредел помеѓу 360 и 1.000 долари, а сега неговата вредност е околу 116.000 долари, што преставува зголемување од 11.000% во рок од девет години.
Не е наведено точно колку пари има во Биткоин, Дурент, но може да се каже дека крилниот кошаркар нема финансиски проблеми. За време на неговата НБА кариера, која трае од 2007 година, тој заработил повеќе од 450 милиони долари само од НБА договори.
Фото/ Принтскрин