Top Sport

Кевин Дурент: Кон мене има само „чиста“ омраза

Кевин Дурент можеби ја има освоено МВП наградата во НБА лигата, но вели дека деновите кога освојуваше награди се завршени, бидејќи гласачите го мразат.

„Сега се знае дека нема да освојам ништо“, вели Дурент.

Тој посочува дека неговата одлука да замине од Оклахома Сити и да се приклучи на Голден Стејт вориорс пред сезоната 2016/17 му донело само омраза.

„Се работи за чиста омраза кон мене и никакво почитување за моите вистински вештини на теренот. Но, го сфаќам. Сфаќам дека е така кога си во Вориорс. Знам дека сите се плашат од нас“, додава Дурент.

Голден Стејт освои три од последните четири НБА титули, а Дурент двапати беше МВП на финалето. 29-годишниот Американец исто така беше прогласен за НБА дебитант на сезоната по 2007/08.

Scroll to Top