Top Sport

Кевин Дурент купи дел од МЛС клубот Филаделфија јунион

НБА ѕвездата на Бруклин нетс, Кевин Дурент си купи 5 проценти од МЛС клубот, Филаделфија јунион, со опција да купи дополнителни 5 отсто во блиската иднина, потврдија од клубот.

Двократниот НБА шампион (со Голден Стејт вориорс) и МВП од 2014 година, е вториот кошаркар кој стана дел од МЛС лигата, откако Џејмс Харден, асот на Хјустон рокитс, кој е сопственик на МЛС клубот Хјустон дајнамо. Леброн Џејмс исто така има интерес во фудбалот, купувајќи акции од Ливерпул во 2011 година.

Како дел од договорот, Дурент и неговиот партнер, Рич Клајман ќе помагаат во растењето на бренд на Јунион. Според „ЕСПН“, Јунион вредат околу 325 милиони долари, со што удделот на Дурент е најмалку 16.25 милиони долари.

„Возбуден сум од ова ново партнерство. Мојот тим веднаш се поврза со тренерскиот тим на Јунион како и со историјата на тимот“, вели Дурент.

Јунион ја заврши сезоната 2019 со историска прва победа во плејофот, а сега се подготвуваат за рестартот на сезоната во Орландо од 8 јули. Јунион се во групата А со Орландо сити, Интер Мајами, Њујорк сити ФЦ и Чикаго фајр.

Scroll to Top