Top Sport

Кевин Дурент сака да е главна ѕвезда, па се сели во Њујорк Никс?

Кевин Дурент, една од ѕвездите на Голден Стејт Вориорс според последните информации од НБА ќе ја промени клупската средина.

Шпекулациите се дека Дурент ќе го засили тимот на Њујорк Никс.

Медиумите во САД сметаат дека причина зошто Дурент сака да ги напушти „вориорси“ е тоа што тој сака да е главна ѕвезда во тимот, а тоа не му успева во редовите на актуелниот НБА-шампион.

Иако се уште не се споменуваат суми, сепак јасно е дека Никси би обезбедиле „солен“ договор.

Кевин Дурент во НБА е од 2007 година. Во 2017 и во 2018 година беше избран за МВП во финалето.

Scroll to Top