Top Sport

Ѓоковиќ: Не сум веган, не избегнувам глутен и не играм тенис заради пари!

Првиот тенисски ас во моментов, Новак Ѓоковиќ уште еднаш јавно поговори за неговата исхрана, но и за парите кои рече дека не му се главна мотивација. Ѓоковиќ во интервју за француски „Лекип“ вели дека не сака да се категоризира по ни една основа.

„Не сум веган и не избегнувам глутен. Само се обидувам здраво да се хранам. Луѓето се критични кон веганите, не ми се допаѓа кога на некого му се суди според тоа што го јаде. Ние сме дел од заедницата која сака да ги категоризира луѓето. Да не уживав во тенисот, не би ни играл. Тенисот е мојот најголем сојузник, но и најголем противник. Не играм поради пари, целта ми е да продолжам да се подобрувам“ – вели српскиот тенисер.

Ѓоковиќ уште еднаш истакна дека не е вистина дека неговиот тренер Марјан Вајда инсистирал да го елиминира од тимот гуруто Пепе Имаз.

„Кога луѓето нешто не знаат или не разбираат почнуваат да погодуваат. Не кријам дека поминав низ многу емотивен период, кој се уште трае. Важно ми е да се занимавам со некои работи надвор од теренот. Луѓето се сомневаат во мојата интелегенција. Отсекогаш сум бил опкружен со луѓе кои можат да ми помогнат, кои го зајакнуваат мојот карактер и длабоко ме разбираат“ – смета Ѓоковиќ.

Scroll to Top