Top Sport

КФМ спогодбено се раздели со Драган Бајиќ

Кошаркарската Федерација на Македонија (КФМ) спогодбено го раскина договорот со селекторот на сениорската репрезентација, Драган Бајиќ.

„Од оправдани причини, односно здравствени проблеми со кои се соочува во изминатиот временски период, г. Драган Бајиќ повеќе не е во можност максимално посветено да одговори на обврските кои со себе ги носи работењето во сениорскиот национален тим. Земајќи ја предвид потребата машката „А“ селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, соопшти КФМ.

Покрај Бајиќ националниот тим ќе го напуштат и неговите помошници, Адмир Прасовиќ и Александар Кукриќ.

Извор/ kfsm.mk/

Scroll to Top