Top Sport

КФСМ закажа Изборно собрание, а единствен кандидат за претседател е Перо Антиќ?

Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ најверојатно ќе добие нов четиригодишен мандат како претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Како што информираат од „Куќата на кошарката“, за 29 март е закажано Редовното изборно собрание на кое главна точка ќе биде избор на претседател на федерацијата.

Неофицијално, Антиќ засега е единствениот кој би се кандидирал за да продолжи со раководењето на федерацијата.

Антиќ на чело на КФСМ застана пред четири години кога дојде на местото на Петар Наумоски.

Scroll to Top