Top Sport

Кинан Еванс доби литвански пасош

Кошаркарот на Жалгирис, Американецот Кинан Еванс во иднина ќе го носи дресот на литванската кошаркарска репрезентација. Еванс се опоравува од повредата на Ахиловата тетива, а летово треба да игра за репрезентацијата.

За да ги реши документите, Еванс на кратко го напушти Каунас и отпатува во САД, по што беше решен и процесот во Литванскиот кошаркарски сојуз. Како натурализиран Литванец, Еванс сега ќе биде дел од националниот кошаркарски тим на земјата.

„На почетокот тоа беше само сон, но Кинан изрази желба да игра за нашата репрезентација. Колку што разбрав, тој има девојка од Литванија, значи, придобивката е обострана. Особено затоа што со години бараме таков играч“, изјави Казис Максвитис, кој летово ќе ја предводи Литванија на Светското првенство.

Еванс пристигна во Жалгирис минатото лето.

Scroll to Top