Top Sport

Кинан Еванс од следната сезона ќе носи црвено-бело

Американскиот кошаркар Кинан Еванс ја привршува кариерата во Жалгирис, од следната сезона ќе игра во нов клуб.

Американецот ќе му се приклучи на Олимпијакос. Според грчките медиуми двте страни веќе го договориле трансферот.

Најдобриот играч на зелените од Каунас оваа сезона бележи одлични партии, има просек од 17,3 поени, 52,5% од два, 45,3% од три, 2,7 скока и 3,9 асистенции.

Професионалната кариера ја започна во тимот на Игокеа, додека подоцна настапуваше за Хапоел Хаифа и Макаби, од каде подоцна премина во Желгирис.

Scroll to Top