Top Sport

Кинезите го „купија“ Стеф Кари

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, потпиша десетгодишен спонзорски договор со кинеската компанија „Ли-Нинг“.

Со потпишувањето на договорот, НБА ѕвездата го заврши долгиот процес на преговори што следеше по неговата разделба со „Андер Армур“ во ноември минатата година.

Кари во понеделникот објави дека потпишал историски договор со „Ли-Нинг“, кој ќе го прошири неговиот бренд „Кари“ на глобалниот пазар.

Соработката ќе вклучува кошаркарска опрема, спортска и облека за животен стил, можност Кари да потпишува договори со други машки и женски спортисти под неговиот бренд, како и комплетна линија на производи за голф.

Кари го избра „Ли-Нинг“ пред понудите од бројни други компании.

Еден од важните фактори во неговата одлука беше задоволството по тестирањето модели на патики што ги носеа заштитините лица на „Ли-Нинг“, неговиот соиграч од Вориорс, Џими Батлер, и славниот, сега пензиониран бек Двејн Вејд.

„Ли-Нинг“, планира да отвори продавници со брендот „Кари“ во Соединетите Држави и Кина.

Партнерството беше потврдено на социјалните медиуми во понеделник,от но финансиските детали од договорот не беа откриени.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');