Top Sport

Кингс со прва плејоф победа по 17 години, Харден и Сиксерс со тројкашки рекорд

Деарон Фокс постигна 38 поени во својот прв меч во плејофот во кариерата и заедно со Малик Монк посстигнаа 28 поени во последната четвртина за Сакраменто кингс да стигнат до 126:123 победа над Голден Стејт вориорс во првиот меч од плејофот на Западот. Ова беше победа во прв плејоф меч за Кингс по фантастични 17 години.

Против калифорнискиот ривал, Монк имаше 32 поени, од кои најважните беа двете слободни фрлања на 2.9 секунди пред крајот, а потоа Стеф Кари утна обид за тројка. Кари заврши со 30 поени, а Клеј Томпсон со 21 за Вориорс.

Џоел Ембидд имаше 26 поени, а Џејмс Харден додаде 23 поени и 13 асистенции, а Филаделфија сиксерс да стигна до 121:101 победа над Бруклин нетс во меч во кој Филаделфија имааше рекордни 21 тројки, постигнати од осум различни кошаркари. Исто така на Истокот, Бостон стигнаа до убедлива гостинска 112:99 победа кај Атланата Хокс во првиот меч од плејофот, а на гостинска победа се радуваа и Њујорк никс, кои со 101:97 ги совладаа Кливленд кавалирс.

Scroll to Top