Top Sport

Ќе има промени во составот на МЗТ

Паузата од речиси три недели која следува поради репрезентативниот прозорец на ФИБА е одлична можност за управата и стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром да направат рекапитулација на тоа што досега е сработено, како и анализа на учинокот на секој кошаркар поединечно во пресрет на најважниот дел од сезоната во кој всушност ќе се решаваат сите дилеми, како во АБА2-лигата така и во двете домашни натпреварувања.

Извршниот директор на МЗТ Тони Грнчаров за клупската интернет страница најавува промени во составот, иако резултатите биле задоволителни. Во МЗТ не се задоволни од она што го пружиле странците.

„Резултатски не можам да бидам незадоволен од тоа што досега е направено, но нормално е секогаш да се цели кон нешто уште подобро. Првичните замисли ни беа да атакуваме на двата домашни трофеи како и најмалку на пласман во плејофот во АБА2, но подготвени сме да сториме сѐ што е во наша моќ да го дооформиме тимот со кој би дошле до финалето, а таму нека победи подобриот. Не е тајна дека не сме задоволни од учинокот на дел од странските засилувања и во следниот период дефинитивно ќе направиме претумбации во тој дел. Активни сме на пазарот барајќи поквалитетни дополнувања, иако немаме премногу време, бидејќи преодниот рок во АБА завршува в сабота. Промени сигурно ќе има, но на кои позиции и место кои интернационалци, дополнително ќе биде решено“, вели извршниот директор на МЗТ Скопје Аеродром“, рекол Тони Грнчаров.

Scroll to Top