Top Sport

Криштопанс го напушти Вардар

Еден од клучните играчи на европскиот првак Вардар, Даинис Криштопанс, го напушата Скопје. Поради долгот што клубот го има кон него Летонецот решил сезоната да ја заврши во Бундеслигата, во екипата на Фуксе Берлин.

Криштопанс заминува од клубот во чувствителен момент, односно пред дуелот со Мотор Запорожје кој е клучен за црвено-црните за пласнан во осмина-финалето.

Криштопанс во Берлин ќе игра до крајот на сезоната, а потоа ќе се пресели во Пари Сен Жермен кај својот поранешен тренер Раул Гонзалес.

Можно е по стапките на Криштопанс да тргне и Павел Атман, за кого се шпекулира дека само прашање на време е кога ќе го официјализира својот трансфер во Спартак Москва.

Покрај овие двајца јасно е дека од наредната сезона во тимот ќе го нема Данил Шишкарев кој веќе има договор со Веспрем, а од тимот заминува и голманот Калифа Гебдан кој договорил соработка со Адемар Леон.

Scroll to Top