Иако Марк Кјубан претходно самиот изјави дека американската химна не се свири пред натпреварите на неговиот клуб, Далас маверикс, сега милијардерот тврди дека тоа воопшто не е вистина.
Откако во декември, НБА комесарот Адам Силвер ја тргна обврската на НБА играчите да стојат за време на химната поради „емотивните прашања“, Кјубан се пофали дека уште во ноември самиот ја донел одлуката химната да не се пушта пред натпреварите на Маверикс.
Меѓутоа, во средата НБА ја смени политиката и ги потсети клубовите дека химната мора да биде пуштана пред сите натпревари и Кјубан подлегна на притисокот, тврдејќи дека не ја забранил химната во „Американ ерлајнс центарот“.
„Не, не ја откажавме химната. Нашето знаме се вееше гордо на ѕидот на ‘Американ ерлајнс центарот’ и сите имаа можност да се помолат или да го поздрават според своите убедувања. Ја слушаме нашата заедница и имаше многу луѓе кои ја искажаа својата загриженост дека националната химна не ги претставува и дека нивните гласови не се слушнати“, изјави Кјубан.
Газдата на Маверикси забранил да се свири американската химна во Далас