Кошаркарскиот прволигаш Пелистер се засили со босанскиот центар Сеад Хаџифејзовиќ. Тој има 33 години, а минатата сезона настапувал во Србија, во тимот на Колубара.
Хаџифејзовиќ потпиша едногодишен договор со Пелистер.
Искусниот кошаркар покрај Колубара, има настапувано и за екипите на Босна Ројал, Черкаси Манкис, Нови Пазар, ЧСМ Галати, Сенкур, Слобода Тузла, Какањ и Вогошча Сараево.