Top Sport

Грците убедливи против Велика Британија

Кошаркарската репрезентација на Грција ја оправда фаворитската улога против Велика Британија и ја оствари третата победа на Евробаскет славејќи со 93:77. Ривалот имаше сили за едно полувреме, даде солиден отпор, па Грција по првите две четвртини обезбеди само три поени предност. Сепак, се си дојде на свое место до крајот на натпреварот.

Селекторот Итудис го одмори Јанис Адетокумпо, а најдобар стрелец го победничкиот тим беше Костас Слукас со 21 поен.

Папајанис постигна 17 поени, колку што запиша и најефикасниот во составот на Велика Британија, Лук Нелсон.

Scroll to Top