Top Sport

Клеј Томпсон уфрли 54 поени во драмата меѓу шампионот и Атланта

Кошаркарите на Денвер беа поразени од Минесота на гостински терен со резултат 124:111, додека Атланта падна против Голден Стејт со 143:141 по две продолженија.

„Волците“ ја прекинаа серијата од шест порази против најдобриот тим во Западната конференција, а натпреварот го завршија со серија 9:2 за недостижни 118:107.

Ентони Едвардс го предводеше тимот од Минеаполис со 29 поени, десет скока и пет асистенции, Џејден МекДаниелс додаде 21, а Кајл Андерсон 19 кошеви со осум асистенции.
Атланта победи на гостувањето кај актуелниот шампион, но Донте Винченцо погоди тројка буквално во последниот момент од играта и обезбеди продолжение за Голден Стејт – 121:121.

И покрај шокот, Атланта добро го започна продолжението, Џон Колинс реализираше тројка, потоа Богдан Богдановиќ беше прецизен за 126:121, но и тоа не беше доволно. Вориорс одговорија со серија од 8:0, а во израмнетата завршница најдобриот играч на гостите Треј Јанг обезбеди уште едно продолжение (132:132).

Човек на одлука беше Кевон Луни, кој погоди на 0,1 секунда до крајот за петта последователна победа на неговиот тим.

Најефикасен беше Клеј Томпсон со 54 поени, осум скока и три асистенции, Џордан Пул постигна 28 поени со шест скока и пет асистенции, а Луни имаше 14 поени, 20 скока и четири асистенции.

Кај Атланта, Тре Јанг забележа 30 поени, седум скока и 14 асистенции, Колинс заврши со 25 поени и 13 скока, а Дежонте Мареј со 25 поени, 10 скока и седум асистенции.

Вориорс кои не можат да сметаат на повредениот Стеф Кари се само деветти на Западот со ефект 20-18.

Донован Мичел постигна неверојатни 71 поен во триумфот на Кливленд против Чикаго (145:134) по две продолженија. Демар Де Розан постигна 44 кошеви во тимот на Чикаго.

По Сан Антонио, Далас славеше во уште едно локално тексашко дерби. Мавс на гостински терен го победија Хјустон со 111:106, иако на почетокот на вториот дел имаа негатива од 18 поени (65:47).

Гостите го завршија мечот со серија 12:2, а Лука Дончиќ повторно беше најефикасен со 39 поени, 12 скока и осум асистенции. Во поразениот тим Кевин Портер запиша 25 поени и шест скока и асистенции.

На останатите натпревари во НБА беа постигнати следните резултати: Шарлот – ЛА Лејкерс 115:121, Кливленд – Чикаго 145:134, Индијана – Торонто 122:114, Филаделфија – Њу Орлеанс 120:111, Бруклин – Сан Антонио 139:103, Портланд – Детроит 135:106, ЛА Клиперс – Мајами 100:110.

Scroll to Top