Top Sport

Клиперси ги надиграа Дончиќ и Маверикс, уште еден пораз за Лејкерси

Кавај Ленард постигна 29 поени, Пол Џорџ додаде 24 поени, 7 скока и 6 асистенции за Лос Анџелес клиперс да ги продолжат одличните партии во Орландо со 126:111 победа над Далас маверикс.

Лука Дончиќ имаше повторно добра партија со 29 поени, 6 асистенции и 3 скока, Криштопс Порзингис додаде 30 поени, но тоа не беше доволно за држење на ритам со моќните Клиперси.

Од друга страна, попознатиот клуб од Лос Анџелес, Лејкерси не престануваат со поразите. Џејмс Харден имаше фантастични 39 поени, 8 скока и 12 асистенции за 113:97 победа на Хјустон над Лејкерси. Меклемор додаде 20 поени, додека за Лејкерси најефикасни беа Кајл Кузма (21 поен) и Ентони Дејвис (17).

Портланд трејлблејзерс остварија уште една важна победа за плејофот, откако со 125:115 ги совладаа Денвер нагетс. Демјан Лилард беше лидер со 45 поени, Трент додаде 27, а Јусуф Нуркиќ имаше 22 поени. За Денвер, Никола Јокиќ уфрли само 8 поени, но имаше 13 аситенции, а Мајкл Портер имаше 27 поени.

Scroll to Top