Србинот Милош Теодосиќ веќе не е дел од Лос Анџелес клиперс и останува неизвесно дали кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата, откако по трејдот за Ивица Зубац, управата на клубот реши да го ослободи од услугите.
Теодосиќ, еден од најталентираните „додавачи“ од Европа, сега ќе треба да почека 48 часа за да биде слободен агент според правилата на НБА, период во кој некој од НБА тимовите може да го ангажира. Оваа сезона се шпекулираше дека тој може да се врати во Европа и тоа во тимот на Анадолу Ефес.
Од САД доаѓа веста дека и Њујорк никс се ослободи од еден европски кошаркар, Турчинот Енес Кантер. 26-годишниот Кантер одигра 44 меча во слабиот тим на Никси оваа сезона со просек од 14 поени и 10.5 скока по меч.
Фото: ЕПА