Првата ѕвезда на ЛА Клиперс, Каваи Ленард потпиша нов договор со клубот во вредност од 176,3 милиони долари. Ленард се обврза на четиригодишна верност, а последната година од договорот е опциона и тој самиот ќе одлучи дали ќе ја активира.
Со новиот договор годишно ќе инкасира по 44 милиони долари.
Клиперси минатата сезона првпат во историјата играа финале во Западната конференција, но последните 8 меча ги одиграа без Ленард кој заработи повреда на вкрстените лигаменти на коленото, во серијата против Јута, па надвор од терените ќе е најмалку до крајот на годинава.
Тој изминатите две сезони е во ЛА со просек од 26 поени, 6,6 скока и 5 асистенции по меч.
Претходно ги носеше дресовите на Торонто и Сан Антонио, а и со двата тима ја освојуваше титулата во НБА лигата.