Top Sport

Кливленд го згази Торонто (Видео)

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс по само четири натпревари изборија пласман во финалето на Истокот, во НБА лигата. Кливленд во четири натпревари ги елиминира Торонто Репторс. Во четвртиот натпревар Кавалирс славеа 128:93.

Играчите на Кливленд, слично како и на претходните два натпревари, во првата четвртина создадоа двоцифрена предност, но Репторс вратија и го презедоа водството во вториот период.

Меѓутоа во втората половина во втората четвртина, Леброн, Лав и Корвер иницираа серија со која Кливленд на полувреме стекна 16 поени предност.

Во тој момент беше јасно дека Торонто нема шанси да се врати во натпреварот. Проблемите на Репторс се зголемија кога во третата четвртина беше исклучен Демар Дерозан.

Леброн Џејмс го предводеше Кливленд со 29 поени, осум скока и 11 асистенции, Кевин Лав уфрли 23, а Кајл Корвер 16 поени. Кај Торонто подобар од останатите беше Јонас Валанчунас со 18 поени.

Scroll to Top