Top Sport

Иниеста за 25 милиони евра годишно ќе игра во Кобе

Легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста, кариерата ќе ја продолжи во Јапонија, во екипата на Кобе, објави радиото „Кадена сер“.

Иако, во изминатиот период се шпекулираше дека Иниеста ќе игра во Кина, Чонкинг Лифан се откажал од трансферот, а фудбалерот со Кобе договорил тригодишна соработка. По сезона Иниеста ќе заработува по 25 милиони евра.

„Кадена сер“ наведува дека Хироши Микитани, кој е претседател на Кобе и извршен директор на „Ракутен“ (спонзорот на Барселона), бил присутен на „Ноу Камп“ во неделата, на дербито со Реал.

Тогаш тој го потпишал договорот со Иниеста.

Официјална потврда за ова се уште нема, а според радиото, овој трансфер Барселона ќе го искористи за да отвори совја фудбалска академија во Јапонија.

Scroll to Top