Top Sport

Кливленд на 15-0, Денвер не може без Јокиќ, Далас може без Дончиќ

Серијата на Кливленд Кавалирс не запира. Изминатата ноќ ја забележаа 15.победа, се уште се без пораз. Денвер Нагетс покажаа уште еднаш дека без Никола Јокиќ се просечен тим. За разлика од Нагетс, Далас без Лука Дончиќ во дербиот ја победи Оклахома.

Кливленд Кавалирс се четвртиот тим кој сезоната ја започнал со 15 победи. Изминатата ноќ им се придружија на Голден стејт Вориорс од 2016 година (рекордери со 24 последователни победи), Хјустон Рокетс од 1994 година со Олаџувон и Дрекслер и Вашингтон Капиталс од доцните 40-ти години на изминатиот век.

Кавалирс славеа над Шарлот со 128:114. Гарланд постигна 25 поени, Тај Џером постигна 24, рекорд во кариерата, Мобли и Ален имаа дабл-дабл. Шарлот немаше никакви шанси, а Кавси ќе ја имаат најтешката задача да го одбранат непоразениот старт утре во Бостон против шампионот. Кај Хорнетс Ламело Бол беше најефикасен со 31 поен, дури 29 шута, имаше 12 асистенции.

Нагетси паднаа во Мемфис, без Јокиќ е просечен тим, губеа со 24 поени во последната четвртина, се беше готово пред крајот. „Гризлис“ ги предводеше Џерен Џексон Јуниор со 20 поени, ова е четврта последователна победа на Мемфис на домашен терен. Кај Нагетс најефикасен беше Стоутер со 19 поени, Вестбрук постигна 12,, Шариќ забележа по 10 поени и асистенции.

Далас победи во Оклахома со 121:119. Без Дончиќ, тимот победи благодарение на Пи Џеј Вашингтон со 27 поени и 17 скокови, Кајри Ирвинг постигна 23 поени. На Тандер не му помогнаа 36 поени од Гилџис-Александер.

Резултати:

Кливленд – Шарлот 128:114
Мемфис. Денвер 105:90
Портланд – Атланта 114:110
Вашингтон – Детроит 104:124
Чикаго – Хјустон 107:143
Њујорк – Бруклин 114:104
Оклахома – Далас 119:121
ЛА Клиперс – Јута 116:105
Индијана – Мајами 119:110
Минесота – Феникс 120:117

Scroll to Top