Top Sport

Кливленд оштететен на првиот меч (Видео)

Многу полемики во американската јавност предизвика првиот натпревар од големото финале во НБА лигата помеѓу Голден стејт Вориорс и Кливченд Кавалирс. Натпреварот заврши 107:107, во регуларниот дел, а по дополнителните пет минути Вориорс славеа 124:114.

Кливленд имаше можност за победа во регуларниот дел од мечот. Џорџ Хил на нецели шест секунди до крајот погоди едно од двете слободни фрлања, потоа Џеј Ар Смит ја освои топката, но играчот на Кавалирс неразбирливо наместо да тргне кон кошот ја извади топката надвор, очекувајќи дека ќе биде побаран тајм-аут.

Она што ја покрена расправата во САД е положбата на крилото на Вориорс Дрејмонд Грин во моментот кога Хил го изведува второто слободно фрлање. Тој веќе бил во рекетот, поради што судиите требало да му дозволат на Хил уште еднаш да го изведе слободното фрлање.

Инаку тоа не бил единствен прекршок на Грин. Тој на 12 секунди до крајот го фаулирал Леброн Џејмс, но тука прекршок бе бил досуден.

Овие работи ден по натпреварот ги констатирала НБА лигата.

Вториот меч од финалната серија на програмата е в понеделник со почеток во два часот по средно-европско време, а домаќин повторно ќе биде Голден стејт.

Scroll to Top