Кливленд Кавалирс славеа во дуелот со Мајами Хит 108:97, а натпреварот го обележа исклучувањето на Леброн Џејмс.
„Кралот Џејмс“ прв пат во кариерата, по 1.082 натпревари, заработи исклучување откако во третиот период викаше кон судијата Кејн Фицџералд.
Кливленд во тој момент имаше предност од 23 поени, најмногу пораид извонредната игра на кевин Лав, кој мечот го заврши со 38 поени и 9 скока. Џејмс, против свјот поранешен тим, забележа 21 поен, 12 скока, 6 асистенции и 5 украдени топки.
Уште еден поранешен играч на Мајами беше инспириан за игра, Двејн Вејд остигна 17 поени, на кои придодаде 5 скока и 4 асистенции.
Мајами го предводеа Хасан Вајтсајд со 11 поени и 14 скока, односно Дион Вејтерс со 21 поен и 7 асистенции.
Феникс Санс гостуваа кај Чикаго и славеа против последнопласираниот тим во лигата со 104:99. Тревор Букер доминираше со 33 поени, а во чекор го следеше Ти-Џеј Ворен со 25 поени. Кај Чикаго се издвоија Џастин Холидеј со 25 и Стив Дан со 24 поени.
Резултати:
Минесота Томбервулфс-Вашингтон Визардс 89:82
Сакраменто Кингс-Милвоки Бакс 87:112
Јута Џез-Денвер Нагетс 106:77
Чикаго Булс-Феникс Санс 99:104
Кливленд Кавалирс-Мајами Хит 108:97