Top Sport

Клуб од Дубаи ќе игра во Евролигата

Сопствениците на Евролигата речиси едногласно ја изгласаа одлуката за приклучување на клубот од Дубаи во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Дубаи нема да влезе во Евролигата следната сезона, се очекува тоа да се случи во сезоната 2025/26. Новото раководство на Евролигата, предводено од претседателот Дејан Бодирога, смета дека оваа можност за проширување на натпреварувањето во Обединетите Арапски Емирати не треба да се пропушти.

Оваа информација ја пренесе и специјализираната веб-страница Јурохупс, па и покрај големиот интерес на Лондон и Париз, пред нив во Евролигата ќе влезе клуб од Блискиот Исток.

Евролигата има 18 членови. Барселона, Реал, Басконија, Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби, Ефес, Фенербахче, Олимпија Милано, Жалгирис, Баерн и АСВЕЛ имаат долгорочни лиценци, додека Монако, Валенсија, АЛБА, Виртус, Партизан и Црвена звезда добија едногодишна лиценца.

Scroll to Top