Top Sport

Клубот на Емил Рајковиќ исфрлен од ФИБА Европа Купот

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и неговиот руски тим Автодор Саратов се исфрлени од ФИБА Европа Купот. Причината е суспензијата на сите руски клубови поради инвазијата над Украина.

Рајковиќ и Автодор Саратов веќе имаа обезбедено пласман во следната фаза од ова натпреварување, но одлуката е конечна и рускиот клуб ќе биде исфрлен.

На местото на Саратов во продолжение на ова ФИБА натпреварување ќе продолжи екипата на Бакен Беарс.

Scroll to Top