Top Sport

Ракометарите СП ќе го отворат против Јапонија

Организаторите на Светското првенство во ракомет, во средата, ги објавија сатниците по кои ќе се играат натпреварите во Данска и Германија.

Македонија се наоѓа во Б-групата заедно со Шпанија, Исланд, Хрватска, Бахреин и Јапонија. Избраниците на селекторот Раул Гонзалес против Јапонија ќе ги отворат натпреварите во групата.

Според распоредот Македонија и Јапонија ќе играат на 11.јануари 2019 година во 15:30 часот.

Македонските ракометари потоа ќе имаат слободен ден, а на 13.јануари од 14 часот втор противник ќе им биде Бахреин.

Наредниот ден Македонија ќе игра против Хрватска од 18 часот, по што повторно следува ден за одмор. Последните два натпревари во Б-групата, Македонија ќе ги одигра на 16.јануари од 20:30 часот против Шпанија, односно на 17.јануари против Исланд во 18 часот.

Сите натпревари во групата Македонија ќе ги игра во Минхен.

Инаку, Светското првенство ќе биде отворено во Берлин на 10.јануари, со како што веќе се нарекува историскиот дуел на Германија против обединетата репрезентација на Кореја.

Нокаут-фазата ќе се игра од 19. до 23.јануари, потоа следуваат полу-финалните натпревари (25јануари) и големото финале (27.јануари).

Scroll to Top