Top Sport

Коби: Ќе беше добро да го имавме Дијамантидис

Глобалниот амбасадор на Светското првенство во Кина, Коби Брајант, во интервју за интернет страницата на ФИБА, го одбрал идеалниот тим на репрезентација на САД и открил кој странски кошаркар сакал да игра во тимот.

Петорката од која џентлменски го изоставил своето име нема место за Леброн Џејмс. Според Коби тука се Мајкл Џордан, Лери Бирд, Меџик Џонсон, Карим-Абдул Џабар и Хаким Олајџувон.

А што се однесува до играчот кој никогаш не играл во НБА лигата, неговото име е Димитрис Дијамантидис.

„Странец од времето кога јас играв, а кого сакав да го имам во тимот е Гркот Димитрис Дијамантидис. Ќе беше добро да го имав во тимот, поради неговата висина и поради она што можеше да го игра во одбраната. Ќе беше добро да имаме уште еден играч кој би можел да ги чува ниските плејмејкери“, рекол легендарниот играч на ЛА Лејкерс.

Scroll to Top