Top Sport

Коби, Леброн и Џа Морент

Џа Морент не им дозволи на Голден стејт Вориорс да направат уште еден брејк во Мемфис и пркатично да го решат победникот во оваа серија.

Морент, во победата на Мемфис 106:101, постигна 47 поени, 18 од нив во последните шест минути од натпреварот. 22-годишникот го израмни рекордот на франшизата во плејофот. Минатата сезона, Морент, против Јута постигна 47 поени.

Со оваа феноменална игра, Морент влезе во друштво на легендите Коби Брајант и Леброн Џејмс. Овие тројца се единствените играчи кои имаат два натпревари во плејофот со 45 или повеќе поени пред својот 23-ти роденден.

Scroll to Top