Кошаркарската репрезентација на Црна Гора официјално доби големо засилување. Државјанство на оваа држава доби Американецот кој настапува за Будуќност, Џастин Кобс.
Бекот на црногорскиот првак веднаш откако го добил државјанството им се приклучил на репрезентативните колеги кои се подготвуваат за настап во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Кобс во досегашниот дел од сезоната во АБА-лигата има просек од 15 поени и 4,7 асистенции по натпревар.
Црна Гора во квалификациите за Европското првенство ќе игра против Велика Британија и Франција.