Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром веќе десетина дена се во тренажен процес, во обид полека да се вратат во посакуваната форма по принудната петмесечна пауза поради пандемијата со коронавирусот.
Тренерот Ѓорѓи Кочов на располагање го има речиси комплетниот тим со кој ќе се обиде да дојде до посакуваните цели во новата сезона, без последното засилување, Тодрик Гочер, кој викендов треба да пристигне во Скопје.
„Моја најголема желба е да го видам МЗТ Скопје Аеродром во АБА-лигата. Покажавме голема константност во АБА2 и домашното првенство изминативе години, меѓутоа тоа што не сме регионални прволигаши ми е голема болка. Само посакувам да сме здрави, првенството да се игра и конечно да го зададеме последниот удар и сликата да биде целосна, а со тоа и нашето оддолжување кон клубот, кој ни дал шанса биде целосно“, изјавил за клупскиот сајт тренерот на МЗТ.
извор/mztskopjeaerodrom.mk